Преседан во Марид: Реал со понуда до Мбапе што не се одбива!

На Французинот Килијан Мбапе му остануваат уште неколку месеци во дресот на ПСЖ пред да се пресели во Реал Мадрид. Тој трансфер се споменува подолго време, а вчера весникот „Ле Паризиен“ напиша дека се’ е договорено и оти ќе се реализира летово.

Напаѓачот на француската репрезентација одигра 288 натпревари за ПСЖ со неверојатен ефект. Тој постигна 241 гол и асистираше на уште 105, од 2018 година па наваму.

Со ПСЖ тој освои пет шампионски титули во Франција и играше во финалието на Лигата на шампиони (ЛШ). Новиот обид за освојување на титулата европски првак ќе следува во белиот дрес на Реал Мадрид, сигурни се медиумите.

Некои од нив откриваат делови од договорот меѓу играчот и идниот клуб. Се наведува дека Мбапе се согласил на драстично намалување на платата, но и дека треба да биде најплатениот играч на клубот.

Тоа се сега Винисиус Жуниор и Џуд Белингам со годишни плати од околу 12 милиони евра, со договорени покачувања за наредните сезони. Она што Реал сè уште го нуди е и бонусот од 100 милиони евра.

Тие пари треба да го убедат Мбапе да прифати намалување на сегашната плата и да не страда поради бонусот за лојалност спрема сегашниот клуб.

Во целата приказна е вклучен и преседан. Реал Мадрид вообичаено зема 50 проценти од правата на играчот за да ја користи неговата „личност и дело“. Во случајот на Мбапе, таа распределба би била 60:40 во корист на играчот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО