Премиерлигашите ќе гласаат „ЗА“ ВАР-системот

Повеќето клубови од англиската Премиер лига се за задржување на ВАР системот и следната сезона, објави денеска „Скај Спортс“.

Според изворот, и покрај тоа што клубовите од Премиер лигата ја препознаваат несовршеноста на системот, тие не сакаат да се откажат од него, сметајќи дека е потребен. Одделно се нагласува дека гласањето за укинување на ВАР, закажано за 6 јуни, може да не се одржи доколку оваа идеја не ја добие потребната поддршка во текот на дискусијата.

Вчера во медиумите се појави информација дека Вулверхемптон испратил барање до раководството на лигата во кое ги повикува да се отстрани користењето на ВАР следната сезона, поради неговата нефункционалност.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО