Премиерлигашите изгласаа нов финансиски фер-плеј правилник: Веќе нема одземање бодови!

Клубовите од Премиерлигата одлучија да го спречат непопуларниот чин на одземање на бодови на клубовите поради финансиски прекршоци, со тоа што се договорија за нови финансиски прописи.

Правилата на Премиер лигата им дозволуваат на клубовите да направат „минус“ до 105 милиони фунти во текот на три сезони. Сега, новиот правилник предвидува „лизгачки“ тарифи и се заснова на процентуалниот однос меѓу заработката и парите потрошени за плати на играчите и стручниот штаб, трансферите и хонорарите на агентите.

Процентите исто така се разликуваат. Учесниците во европските натпреварувања ќе можат да трошат до 70 отсто од заработката, што ќе биде повеќе поради приходите од УЕФА, додека за останатите клубови од Премиер лигата границата ќе биде 85 отсто.

Премиер лигата со новата регулатива се обидува да го намали финансискиот јаз меѓу клубовите во сопственост на моќни компании и клубовите од втората група на плати и да ги балансира платите на играчите.

Критичарите на овој план сметаат дека е доцна, бидејќи јазот веќе е создаден. Новиот правилник предвидува казната за финансиски прекршоци да биде парична, па клубовите нема да се грижат за одземање бодови, со што се нарушува интегритетот на натпреварувањето.

Новиот пропис за финансиски фер-плеј ќе важи од сезоната 2025/26.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО