Познати причините за лошите игри на Мбапе?

Ѕвездата, капитенoт на Франција, Килијан Мбапе игра далеку под можностите на ЕП 2024-та, а весникот „Паризиен“ ги откри причините за тоа. Едната е прилично изненадувачка.

Според весникот, 25-годишниот напаѓач чувствува исклучително силен психолошки притисок поради политичката ситуација во Франција!? Покрај психолошкиот товар, Мбапе има и физички проблеми. Пред почетокот на првенството се пожалил на болки во грбот и во колената.

Покрај тоа, соиграчот на Мбапе во националниот тим, Рандал Коло Муани, сподели дека кога ја ставил маската со која играл поранешниот играч на ПСЖ, открил дека е многу тешко да се гледа низ неа?

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО