Играчите кои добија по две опомени во групната фаза ќе ги пропуштат осминафиналните натпревари на ЕП кои почнуваат во сабота, 29 јуни, со мечот Швајцарија – Италија во Берлин, од 18 часот.
На мечот Швајцарија – Италија ќе паузираат двајца играчи, Силван Видмер (Швајцарија) и Рикардо Калафиори (Италија). На дуелот Германија – Данска исто така двајца ќе бидат на трибините, Џонатан Та (Германија) и Мортен Хјулманд (Данска).
Шпанија – Грузија (Анзор Меквабишвили, Грузија); Португалија – Словенија (Ерик Јанжа, Словенија); Романија – Холандија (Никусор Банку, Романија); Австрија – Турција (Патрик Вимер, Австрија, односно Хакан Чалханоглу и Самет Акајдин, Турција).