По одигрувањето на последните натпревари од групата Д, на Копа Америка, познати сите четвртфинални двојки во ова натпреварување.
Ноќеска Бразил одигра нерешено со Колумбија 1:1, а Костарика го победи Парагвај со 2:1. По овие резултати Колумбија го освои првото место во групата, додека Бразил оди натаму како второпласиран.
Врз основа на тие резултати, познати се и четвртфиналнiте двојки за мечеви што че се играат во сабота и во недела. Тоа се Аргентина – Еквадор, Венецуела – Канада, Уругвај – Бразил и Колумбија – Панама.
Во полуфиналето на турнирот ќе се сретнат победниците од дуелите Аргентина/ Еквадор – Венецуела/ Канада, односно Уругвај/Бразил – Колумбија/Панама.