Познати се двојките за баражот за пласман во ВМФЛ, каде ќе настапат неколку поранешни прволигаши.
Единствениот дуел меѓу третолигаши ќе го одиграат Камењане и Победа Валандово.
Бараж двојки:
Тетекс – Влазними
Каменица Саса – Еуромилк Горно Лисиче
Борец – Кожуф
Победа Валандово – Камењане
Натпреварите се закажани за 30 мај, а дополнително ќе бидат одредени неутралните терени.