Повторен повик од Манчестер: Барселона има понуда за својот играч

Пред неколку лета Манчестер Јунајтед го посакуваше во своите редови Френки де Јонг, но Барселона не сакаше ни да слушне за тоа.

Сега интересот е повторно обновен и Јунајтед повторно излегува со конкретна понуда до Барселона за истиот играч. Разликата е сега во тоа што сега „ѓаволите“, нудат многу помалку од претходно.

Во Јунајтед наводно повторно доставиле понуда до Барселона, овој пат во висина од 40 милиони евра за услугите на Холанѓанецот.

Предност во овој случај би можело да биде тоа што Барселона сега сака да ги продава „трошаџиите“, односно играчите со енормно висока плата, а Де Јонг по сезона заработува повеќе од 25 милиони евра.

Раководството на каталонскиот гигант наводно со сите сили го наговара Де Јонг да ги прифати условите во Манчестер, бидејки не му гарантирале првотимски статус.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО