Мохамед Салах ќе се врати во Ливерпул на лекување по повредата на мускулот на ногата на мечот против Гана, 2:2 во групата Б, на Купот на Африка, потврди фудбалската асоцијација на Египет.
– Има смисла Салах да ја прави рехабилитацијата со нас. Зборував со него по повредата. Оттогаш тој е во контакт со нашиот лекар. Ако Египет се квалификува во полуфиналето, и ако тој биде спремен, тогаш веројатно ќе игра, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Последната од седумте титули на Купот на Африка, Египет ја освои во 2010 година, една година пред Салах да дебитира на интернационална сцена. Во 2017 и 2021-та година, Египет со Салах беше втор.
Салах е убеден дека ќе триумфира на Купот на Африка, „порано или подоцна“.
– Би сакал да го освојам, апсолутно. Тоа ќе се случи, тоа е она во што верувам. Во што и да верувам, тоа го постигнувам. Така да, порано или подоцна, и тоа ќе се случи. Освоив се’ што е можно, освен ова. Сите знаат што значи за секој играч да се освои Купот на Африка, изјави Салах.