Букајо Сака треба да биде подготвен за следниот натпревар на Арсенал, објави менаџерот Микел Артета, откако напаѓачот синоќа го пропушти мечот над Лутон (2:0) поради повредата на дербито против Манчестер сити.
– Требаше да игра, но почувствува мала непријатност на истото место како и на мечот со Сити и затоа решивме да го поштедиме. Се надевам дека ќе биде на располагање за следниот меч викендов, на гости против Брајтон, изјави Артета.
Сака има игра одлично сезонава, веќе постигна 16 гола и 13 пати асистираше.