Повредата на Робертсон не е посериозна, ќе паузира само еден мeч

Левиот бек на Ливерпул, Ендрју Робертсон избегна посериозна повреда на пријателскиот натпревар на репрезентацијата на Шкотска против Северна Ирска.

Скенирањето на глуждот на 30-годишниот Шкотланѓанец, не покажало оштетување на коските или на лигаментите, па се очекува тој да пропушти само еден меч за Ливерпул.

Во недела, на 31 март, избраниците на Јирген Клоп го пречекуваат Брајтон на „Енфилд“, во 30. коло од Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО