Пораз на македонските млади кошаркари од Шведска на ЕП

Кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години го претрпе вториот пораз во „Б“ дивизијата на Европското првенство.

Македонските младинци во натпревар од „А“ групата, денеска беа надиграни од селекцијата на Шведска со убедливи 66-86.

Уште од самиот почеток на натпреварот Швеѓаните дадоа до знаење, дека не случајно се први на табелата.

Македонија во моментов е втора на табелата, сепак тоа ќе се смени, бидејќи вечерва играат Ирска и Азербејџан кои како и нашата селекција имаат по една победа.

Во зависност од исходот на тој натпревар, ќе ги знаеме и шансите на македонските младинци, за евентуален пласман во четвртфиналето.

Тоа пак ќе мора да се брка утре во последниот меч од групната фаза против Азербејџан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО