Поранешниот бразилски селектор Тите на клупата на Крузеиро

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, 64-годишниот Тите најде нов тренерски ангажман по малку повеќе од една година отсуство, седнувајќи на клупата на Крузеиро, кој оваа сезона ја заврши на третото место во бразилското првенство.

Тите беше без ангажман од септември 2024 година, кога Фламенго му врачи отказ.

На клупата на Крузеиро доаѓа на местото на Португалецот Леонардо Жардим.

Тите беше на чело на бразилската репрезентација од 2016 до 2022 година, а ја предводеше до титулата јужноамерикански шампион во 2019 година.

Сепак, на мундијалските турнири во 2018 и 2022 година, тој не ги оправда очекувањата, откако два пати Бразил беше запрен во четвртфиналето.ег

ФОТО: Икс

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО