Пол Погба ги шокира фановите: Јас сум веќе мртов

Некогашниот фудбалер за врска и репрезентативец на Франција, Пол Погба, ги минува најтешките мигови во животот и кариерата.

Имено, по допинг контролата Пол Погба беше позитивен на тестостерон – хормон кој ја зголемува издржливост, па си заработи суспензија на четири години.

Потоа му беше изречена четиригодишна суспензија, по која му стана јасно и на играчот дека со неговата кариера скоро се е завршено.

На социјалните мрежи деновиве се појави снимка каде Погба зборува за ситуацијата и не го крие разочарувањето, па во интервјуто тврди дека тој е буквално мртов.

– Јас сум готов, Пол Погба е мртов, Пол Погба веќе не постои, порача познатиот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО