Покрај играчите навивачите на Каљари ја „пееја“ и клупската маскота

Каљари лошо влезе во новата сезона во Серија А. Клубот минатата сезона со Клаудио Раниери успеа да избори опстанок, но легендарниот тренер замина во пензија, а неговиот наследник Давиде Никола освои само два бода во првите четири рунди.

Каљари, вчеран доживеа тежок пораз од Наполи. На Сардинија, Наполитанците победија со 4:0.

По натпреварот, фудбалерите добија лекција од најжестоките навивачи, кои им порачаа дека не се задоволни од резултатите.

Она што е нетипично за ваквата ситуација е фактот што меѓу играчите, беше и официјалната маскота на клубот. Во прашање е фламингото Пули, кој се најде „во линијата на огнот“ бидејќи се солидаризираше со фудбалерите.

https://x.com/IFTVofficial/status/1835511539744325877?s=19

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО