ПОИ во Париз: Наковска Бикова 17-та во дисциплината П4-пиштол, слободен избор, 50 метри

Македонската стрелачка, Оливера Наковска Бикова го освои 17. место меѓу 29 натпреварувачи во дисциплината П4-пиштол, слободен избор, 50 метри со 526 кругови на Параолимписите игри (ПОИ) во Париз.

– На стартот од првата серија Оливера имаше неколку грешки, подоцна влезе во ритам, меѓутоа нервозата од неиспуканите куршуми кои беа во се’ поголем број и го одземаа времето за настап и снагата за кревање на пиштолот, како и фокусираноста.

На крајот, миксот на доста несакани работи придонесе конечниот пласман во ова дисцоплина да биде таков, каков што е, изјави тренерот на Оливера, и претседател на Параолимпискиот комитет на Македонија, Бранимир Јовановски.

Се очекуваше уште едно финале на Оливера, хет-трик на ПОИ 2024-та, уште една можност за борба за медал, бидејќи токму во ова дисциплина таа пред две години стана светска шампионка и ја освои квотата за учество на ПОИ во Париз 2024, но за жал, за само седум круга таа желба не се исполни.

Наковска Бикова на ПОИ 2024-та настапи во уште две дисциплини, во П2-воздушен пиштол, 10 метри и во П3-спорт пиштол, 25 метри, се пласира во финалињата и на крајот освои две осми места.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО