Франција испратила специјална покана до Пол Погба да присуствува на денешниот натпревар против Белгија во осминафиналето на ЕП 2024.
Француската фудбалска федерација (ФФФ) официјално го поканила Погба, но покана била испратена до уште еден поранешен француски репрезентативец, Блез Матуиди, кој се пензионираше во 2022 година.
Погба одигра 91 натпревар за репрезентацијата и со „триколорите“ стана светски шампион во 2018 година. Во февруари, играчот од средниот ред на Јувентус беше суспендиран на четири години поради допинг.