Погба би можел да се врати на теренот по паузата за репрезентативните натпревари

Тренерот на Монако, Себастијан Покоњоли, објави дека играчот од средниот ред Пол Погба е блиску до враќање на теренот.

– Погба? Неговото враќање станува сè појасно. Се надеваме дека ќе се врати по паузата за репрезентативните натпревари и ќе може да тренира со тимот. Тој е фокусиран на тимот. Неговиот план е јасно дефиниран, изјави Покоњоли за „90min“.

Оваа сезона, 32-годишниот Французин одигра 30 минути во три натпревари од Лига 1.

Во текот на својата кариера Погба настапуваше и за Јувентус, и Манчестер јунајтед.

Фото: миа

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО