Почна ли големата чистка во Барселона?

Само неколку играчи од сегашниот состав на Барселона имаат загарантирано место во клубот по доаѓањето на новиот тренер Ханзи Флик.

Ерата на германскиот стручњак е веќе започната, бидејќи тој го информирал раководството на „каталонците“ дека столбот на новиот тим ќе биде изграден околу четворица играчи и тоа – Ламин Јамал, Гави, Педри и голманот Марк-Андре тер Штеген.

Понудите за четворицата нема да се дискутираат во летниот преоден рок, додека кој било друг играч во тимот на Барселона би можел да биде продаден доколку во клубот пристигнат соодветни понуди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО