Почина Драган Капичиќ, легендата на југословенската и на српската кошарка

Денеска почина познатиот југословенски репрезентативец Драган Капичиќ. Тој е роден  на 7 август 1948 година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Црвена ѕвезда за која настапуваше од 1966 до 1975 година. Играше и во германскиот Сатурн од Келн.

Капичиќ е најдобриот стрелец во историјата на Црвена ѕвезда со која двапати го освои првенството на поранешната СФР Југославија (1969 и 1972 година), и трипати го крена пехарот на победникот на Купот (1971, 1973 и 1975 година).

За репрезентацијата на Југославија одигра 30 натпревари на ЕП, 13 на СП, девет на Олимписките игри (ОИ) и 19 на Балканските игри (БИ).

Беше дел од тимот што освои златни медали на СП во Љубљана (1970) и на ЕП во Белград (1975-та). Исто така, со репрезентацијата на СФРЈ освои сребрени медали на ЕП во Италија (1969) и во Германија (1971), како и на СП во Порторико (1974).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО