Побизарно, здравје! Нејмар заработувал „дебело“ и кога ги поздравувал навивачите?

Во летото 2017 година, Бразилецот Нејмар пристигна во ПСЖ од Барселона, во трансфер вреден 222 милиони евра што се’ уште е рекорден.

Нејмар одигра 173 натпревари за ПСЖ и освои 13 трофеи, но остана без титулата во Лигата на шампиони (ЛШ). По ПСЖ, Нејмар среќата ја побара во Саудиска Арабија, во Ал Хилал кој му плаќа околу 200 милиони евра по сезона!

Неодамна Нејмар уште еднаш се повреди, иако пред само две недели се врати на фудбалот по паузата од која траеше повеќе од една година.

Во меѓувреме поранешниот фудбалер на Кристал палас, Луис Брајон откри бизарен детал од договорот на Нејмар додека настапуваше за ПСЖ. Брајон тврди дека се дружел со клупскиот персонал на ПСЖ во тренерската школа и дознал за бизарната клаузула.

– Најлудата клаузула за која сум слушнал. Запознав член на персоналот на ПСЖ на тренерскиот курс, нема да го откријам неговото име. Тој ми кажа дека Нејмар имал клаузула во договорот според која секогаш кога оди и се поздравува со навивачите на клубот по натпревар, добива бонус од 200.000 евра! изјави Брајон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО