Победи и бодови за гостинските екипи на денешните дуели од ПФЛ

Двата денешни натпревара од Првата фудбалска лига завршија со победи на гостинските екипи. Во дербито во Ѓорче Петров, Струга ја совлада домашната екипа на Македонија ЃП со 2:0. Головите за победникот ги постигнаа Флориан Рочи во 32.минута и Басиру Компаоре во 62.минута од пенал.

На вториот дуел во Скопје гостите од Кавадарци Тиквеш славеа победа со идентични 2:0 и по три натпревари без победа стигнаа до третиот триумф во шампионатот.

На вчера одиграниот натпревар Арсими – Башкими 4:2.

Утре се играат два дуела: Брера – Силекс (почеток 13.30 часот) и Пелистер – Вардар (почеток 17 часот). Поради настапот во УЕФА Конференциската лига и настапот на Шкендија, дуелот Шкупи – Шкендија ќе се игра на 15.ноември.

Со денешната победа Струга со 29 бодови е прва, пред Вардар со 27.

 

Фото: ФФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО