По век и повеќе постоење згаснува НК Загреб?

Градот Загреб до Стопанскиот суд во Загреб поднесе предлог за отворање стечајна постапка против НК Загреб поради нешто повеќе од 500.000 евра долг за користење на фудбалскиот центар во Загреб, на улицата Веслачка.

Сега се чека расплетот, кој секако нема да биде добар за клубот кој повеќе од 100 години се гордее со своите резултати и достигнувања.

НК Загреб со години е во голема агонија, и е во рацете на само еден човек, Дражен Медиќ, кој буквално го приватизираше. Тој е претседател и тренер, игнорирајќи го тоа што клубот од првата го испадна во петтата лига, пишуваат Спортске новости.

– Тажна вест за навивачите, играчите, пријателите и за ветераните. По еден век живот, клубот кој го носи името на градот минува низ агонија и прашање е дали ќе опстои.

Го спасуваат надрилекари со помош на мистериозни методи, без никакво искуство, криејќи ги своите рецепти од јавноста, па дури и од оние кои играа и создадоа клуб кој сè уште го држи рекордот на „Максимир“ според посетеност на еден натпревар, вели долгогодишниот претседател, Анте Врдољак.

НК Загреб преку политичка игра останал и без стадион во Крањчевиќева, и сега се „бие битка“ за таа локација. Клубот оди во банкрот и никој не се прашува што ќе се случи со него, дали ќе продолжи да постои или политиката ќе го збрише како никогаш да не постоел.

Клубот кој е формиран во 1908 година, постоеше во Австро-Унгарија, во Кралството Југославија, во НДХ и во СФРЈ, а сега некој во независна Хрватска ќе го стави последниот клинец во ковчегот на стогодишниот клуб поради невнимание, глупост и незнаење….

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО