Јапонскиот клуб Јокохама маринос одлучи да го отпушти Хари Кјуел од тренерското столче поради лошите резултати на тимот.
Кјуел беше на чело на Јокохама седум месеци, но доби отказ и покрај добрата серија во Лигата на шампиони (ЛШ) на Азија, каде што тимот стигна до финалето во кое загуби од Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Јокохама моментално е на само седум бода над зоната за испаѓање во јапонската лига и е во негаатива од 20 бода зад лидерот Мачида што во клубот го сметаат за неприфатливо и му дадоа отказ на Кјуел.
Според информациите, Џон Хачинсон, сонародникот на Кјуел од Австралија, ќе ја води Јокохама како привремен тренер.