По шпекулациите за откажување ОИ? Организаторите уверуваат дека ќе се одржат според распоредот

Организаторите на Олимписките игри (ОИ)  и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ги отфрлија шпекулациите дека размислуваат за откажување на Игрите во Париз поради политичките превирања во Франција.

„Ова очигледно е дел од кампањата за дезинформација против Франција, ИОК и Олимписките игри“, соопшти ИОК.

Весникот „Ле Поан“ објави дека претседателот на ИОК, Томас Бах ја избрал средината на јули како можен датум за одлука за евентуално откажување на Игрите. Според весникот, Бах бил загрижен за ситуацијата во Франција откако десничарското Национално собрание победи во првиот круг од парламентарните избори.

Францускиот претседател, Емануел Макрон претрпе тежок пораз на предвремените избори што ги распиша по поразот на европските избори и, барем засега, земјата е политички нестабилна. Но вториот круг од изборите в недела ќе покаже каков ќе биде натамошниот исход.

Организаторите на ОИ ветија дека ќе го истражат изворот на лажните вести за можно откажување на Игрите. Француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера исто така ги осуди лажните вести.

– Игрите ќе се одржат според распоредот. За нив се подготвуваме неколку години. Тие ќе му дадат на светот многу среќа и гордост, напиша Удеа-Кастера на платформата X.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО