Хрватот Горан Иванишевиќ, го пофали успехот на Новак Ѓоковиќ и неговата победа против Алкараз.
Во интервју за хрватските медиуми, тој потенцира што сметал дека е предност на Ѓоковиќ во овој дуел и што всушност му донело предност на српскиот тенисер пред ривалот од Шпанија.
– Новак играше доста паметно, беше агресивен. Карлос Алкараз удира силно, но Новак Ѓоковиќ беше уште посилен во тој сегмент, па го изненади противникот, па Карлос почна да греши. Клучно во мечевите со Алкараз е дека го изнервирате и да направите тој под притисок да почне да греши, Новак го направи тоа и победи, порача Иванишевиќ.
Исто така тој го искоментира моментот во кој многумина не веруваа во триумф на Новак Ѓоковиќ на оваа Олимпијада.
– Само луди луѓе можат да се сомневаат во Ѓоковиќ, односно дека го нема тоа потребно темпо за големите натпревари, ги демантираше сите критичари, се надоврза Иванишевиќ.