ПМФЛ: Воска славеше во Скопје против Вардар, Тиквеш ја порази Шкендија

Фудбалерите на Вардар го доживеа првиот пораз оваа пролет на свој терен и тоа против директниот конкурент во битката за опстанок, Воска Спорт. Денеска на стадионот во Маџари, гостите славеа со голот на Ачимовиќ уште во првото полувреме.

Струга со голот на Ибраими славеше на гостувањето кај Македонија ЃП со 1-0 и се одлепи на првото местона табелата со три бода предност пред Шкупи, кој одигра само 0-0 на гостувањето кај Силекс во Кратово. Тиквеш продолжи со одличните резултати, па денеска на домашен терен во Кавадарци со 2-1 ја победи и Шкендија.

Во последниот дуел меѓу Гостивар и Брера Струмица немаше победник. Средбата заврши со 1-1. ПМФЛ – 28. коло: Вардар – Воска 0-1 Македонија ЃП – Струга 0-1 Силекс – Шкупи 0-0 Тиквеш – Шкендија 2-1 Гостивар – Брера 1-1 Вчера Брегалница – Работнички 0-1 Табела: Струга 58, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 31, Вардар 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО