ПМФЛ: Арсими до три бода важни во битката за опстанок во елитата

Фудбалскиот клуб Арсими со тешко изборена победа од 1:0 денеска стигнаа до три нови бода и на извесен начин го осигураа опстанокот во Првата македонска лига,

Во 43. минута, по една течна акција, играчите на Арсими успеаја да го префрлат тежиштето од десната на левата страна. Имаа и доза среќа, бидејќи топката помина покрај неколку играчи на Пелистер, од Сикиру до Дардишта, при што еден дефанзивец на битолчани ја допре, но недоволно за да ја оттурне опасноста. Дардишта тоа го искористи и реализираше за водство на Арсими.

Со оваа победа, Арсими стигна до 35 бода и се искачи на седмото место, престигнувајќи ја Брера.

Сепак, струмичани имаат натпревар помалку и со евентуална победа можат да се израмнат по бројот на бодови со гостиварци.

Битолски Пелистер останува на 26 поени, еден повеќе од Работнички и три од Македонија Ѓорче Петров.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО