Поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, вели дека не го интересира настапот на неговата земја на Олимписките игри (ОИ) во Париз што ќе започнат на 26 јули и ќе траат до 11 август.
– Францускиот олимписки тим не ме интересира. Фудбалот не е олимписки спорт. Дискусиите за фудбалот на Игрите трае веќе 20 години. ФИФА никогаш не сакаше да дојдат најдобрите играчи.
За фудбалот, Олимписките игри не се најважното натпреварување. За женскиот фудбал тоа е друга работа. Шпанците, на пример, ги принудуваат клубовите да ги пуштат своите играчи во репрезентацијата, вели Платини.