Пикси: Ако поведеме Против Англија, ќе наредам да постигнеме уште еден гол

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси нема намера така лесно да се предаде против Англија.

Тој вчера на пресот беше многу расположен, на моменти и се шегуваше со новинарите.

– Кога последен пат игравме на ЕП некои од играчите не беа ни родени. На нас е да направиме исчекор, да ја минеме првата фаза од ова ЕП. Зошто да не ја нападнеме Англија, не разбирам? Го почитуваме противникот, но се почитуваме и себеси, посочи Пикси.

На прашањето што ќе биде ако Србија успее да поведе, тој врати самоуверено:

– Тогаш ќе наредам да постигнеме уште еден гол. Многу просто.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО