Пешиќ по освоената бронза: Не провоцирам никого, но една работа е повеќе од јасна..

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, слави бронзен медал со неговите играчи, а по натпреварот во кој освоија прва олимписка бронза, истакна дека тие требало да бидат финалисти, а не Америка.

– Многу силни репрезентации гледавме овде, но дефинитивно, не провоцирам никого, но Србија и Германија заслужија да бидат во финалето, а не да играат за бронза, порача Пешиќ.

– Одлично работа направивме овде во Франција, сите знаат дека имамае талентирана репрезентација, но на крајот не беше воопшто лесно. Германија ја добивме но е една од најдобрите репрезентации на големите турнири, се надоврза Пешиќ.

Како за потсетување, Србија водеше скоро цел натпревар против Америка, но на крајот успеа некако тоа да го прокоцка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО