Пепи Ѓоргиев по четири години се врати во Брегалница Штип

Екипата на Брегалница Штип по Михаил Маневски ангажираше уште едно ново име во своите редови кое исто така е повратник.

Станува збор за Пепи Ѓоргиев кој ќе го засили нападот на штипска Брегалница. Тој е второто засилување во зимскиот преоден рок.

Ѓоргиев, со успех, во Брегалница настапуваше во сезоната 2019/20. Во меѓувреме, тој играше и во Теута (Албанија), Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев, Шкупи и Гостивар (Македонија).

Во следниот период се очекува клубот од под Исарто да ангажира уште неколку нови имиња со цел што по подготвено да ја дочека битката за опстанок во пролетниот дел од ПМФЛ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО