Пепе стана најстариот учесник во нокаут рундата во ЛШ

Капитенот на Порто, Пепе, на денот на натпреварот против Арсенал имаше 40 години и 360 дена.

Во Лигата на шампионите (ЛШ) повозрасни биле само голманите Марк Шварцер (41 година и 206 дена), Александар Шовковски (41, 255), Џанлуиџи Буфон (42, 315) и Марко Балота (43, 252), па затоа Пепе се води како најстар играч „во поле“.

Порто го победи Арсенал со 1:0, со голот на Галено во 94.минута, во првиот осминафинален натпревар во ЛШ. Реваншот во Лондон ќе се одигра на 12 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО