Пепе ја заврши кариерата

Легeндарниот фудбалер на Португалија и на неколку елитни клубови, Пепе, објави дека ќе се пензионира на 41-годишна возраст.

Негов последен тим беше Порто за кого тој одигра 288 натпревари, постигна 17 гола и имаше 11 асистенции. Пепе играше и за Реал Мадрид од 2007 до 2017 година, забележа 334 натпревари, со 15 голови и 20 асистенции.

Пепе за португалската репрезентација одигра 141 натпревар и постигна осум гола. Тој ја освои титулата на Европското првенство (ЕП) 2016-та и Лигата на нации (ЛН) во 2019 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО