Пеп: Одигравме многу слабо во првиот дел

Фудбалерите на Манчестер Сити денеска го совладаа Евертон на „Етихад“ со 2 спрема 0 со головите на Ерлинг Халанд но, нивниот тренер, Пеп Гвардиола, не крие дека бил крајно разочаран од играта во првото полувреме (0:0).

„ Евертон е силен тим, тежок противник, неверојатно организиран. Не можете да играте добро ако не сте позитивни. Кога сте позитивни, давате се од себе, кога ќе почнете да се жалите и да бидете тажни, тоа не функционира“ – вели Шпанецот. „Разговаравме на полувремето и им реков на играчите: „Што очекувате, да дојдете и да победите со 5-0? Ајде, фудбалот е тежок“.

Во вториот дел бевме константни. Бековската четворка играше одлично и во таа смисла направивме чекор напред“ – изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО