Грузискиот фудбалер Хвича Кварачелија поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку еден месец. Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалерот на Наполи ги повредил лигаментите на десното колено, поради што нема да игра до крајот на годината, можеби и подолго.
#Kvaratskhelia's 2024 is over ❌
The #Napoli striker suffered a low-grade injury of the medial collateral ligament that will force him out for about 20 to 30 days 🔎 pic.twitter.com/1Xk7jndr09
— DCM (@DIRETTADCM) December 10, 2024
Кварачелија се повреди во неделата, на натпреварот од 15. коло на Серија А кога Лацио го победи Наполи на гости со 1:0. Сезонава Грузиецот постигна три гола и забележа пет асистенции на 17 натпревари.