Педро Нето повторно блесна на големата сцена! Португалецот со феноменална завршница ја реши драмата и му донесе голема победа на Челзи против Нотингем Форест.
Мечот на „Сити Граунд“ беше тврд и неизвесен, но Нето во вистински момент ја презеде контролата. Со мајсторски удар од дистанца во финишот, го „замолкна“ стадионот и ги испрати домаќините со наведнати глави.
Со овој погодок, Челси запиша нови три важни бода, а Нето уште еднаш потврди зошто се смета за еден од највозбудливите играчи во Премиер лигата. Форест, пак, останува во сериозна криза и без победа во последните неколку кола.
Голот можете да го видите овде
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: