Партизан поразен дома од Гент: „Црно-белите“ не погодија неверојатни шанси!

Фудбалерите на Партизан беа поразени пред празните трибини на својот стадион во Белград, од Гент со 0:1, во првиот плеј-оф натпревар во Лигата на конференции (ЛК).

Партизан одлично го почна натпреварот, имаше две убави шанси во првите пет минути, преку Бразилецот, Матеус Салдања, но не ги искористи.

Партизан беше многу поконкретен и поопасен во вториот дел. „Црно-белите“ имаа дури три изгледни ситуации во вторите 45 минути, шанси кои потешко се промашуваат, но топката сепак не влезе во голот.

Ова е трет домашен меч за Партизан во Европа летово, и на сите три загуби без постигнат гол, што е поразителна статистика. Реваншот е за една недела во Гент.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО