Кошаркарскито клуб (КК) Партизан од Белград реагираше на веста за наводната тужба на Џејмс Нанели против клубот, што ја објави Спорт клуб, и во која се наведува дека Американецот бара 600.000 евра и дополнително 110.000.
„Црно-белите“ испратија соопштение до јавноста во кое директно и се обратија на авторката на веста, а верзија на приказната пренесе и Спорт клуб.
– Не е точна веста што ја објави вашата колешка Рада Николиќ. Џејмс ја бара сумата за која е казнет според дисциплинските прописи за низа прекршоци што ги направил. Самиот играч го потпиша тој дисциплински правилник.
Не се во прашање 600.000 евра и слични сензационалистички работи. Се поставува прашањето за добрата намера на авторот на веста и нејзиниот извор.
Клубот не поддржува никакви физички конфликти меѓу своите играчи, дури и кога ќе си дозволат да бидат испровоцирани во тепачка два дена по релативно незабележлив ексцен на теренот, наведуваат „црно-белите“.