Париз – Рубе: Ван дер Пул ја одбрани титулата во рекордно време

Холанѓанецот Матје ван дер Пул го собори сопственото рекордно време и ја одбрани титулата на легендарната „монументална“, велосипедска трка, Париз-Рубе. Светскиот шампион, 29-годишниот Ван дер Пул, беше побрз за речиси три минути од лани (5:25; 58 часа).

Тој сам возеше по познатиот велодром Рубе, каде што традиционално завршува трката што првпат се одржа во 1896 година, забележувајќи ја најголема просечна брзина во историјата (47,8 км/час).

Тоа беше негова шеста победа на „монументалите“, најпрестижните еднодневни трки во друмскиот велосипедизам на светот. Двапати има победувано на Париз- Рубе, трипати на Трката околу Фландрија и еднаш на Милано – Сан Ремо.

Париз – Рубе беше третиот „монументал“ во сезоната, по Милано – Сан Ремо и по Трката околу Фландрија. Следуваат последните две, Лиеж – Бастоњ – Лиеж (21 април) и Џиро ди Ломбардија (12 октомври).

– Не можев ниту да сонувам за ова како дете. Бев супер мотивиран годинава, но ова ги надмина моите очекувања, изјави Ван дер Пул кој победи и на Трката околу Фландрија минатиот викенд..

Организаторите на Париз – Рубе направија некои измени на озлогласено тешката патека наречена и „пекол на северот“ на која еден дел долг 57 км се вози по калдрма, во обид некако да ги заштитат велосипедистите по можните тешки незгоди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО