Партизан триумфално ја спушти завесата на своето учество на европската сцена, со победа против Валенсија на домашен терен.
Иако останаа без плеј-офот, играчите на Партизан, но пред се навивачите, синоќа во белградска арена, го положија испитот и покажаа зошто втора сезона по ред токму Партизан е најгледаната екипа во Евролигата.
Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, не може така лесно да прифати дека не успеаја сезонава да се доближат до врвот и направи мало резиме на сезоната.
– Големи беа очекувањата оваа сезона, не би сакал да зборувам повеќе. Тешко ми е да прифатам дека не сме во плеј-офот. Се случува, но не можам да прифатам дека ова беше нашиот последен натпревар во Евролигата до следната сезона. Не сакам ова да го заборавам, сета оваа атмосфера. Сите гледаме сега на мечот со Олимпијакос кој можеше да биде пресврт, но не успеавме. Многу такви натпревари прокоцкавме, не само тој натпревар. Не сакам никогаш повеќе да се чувствувам вака, да не одам на плеј-оф и со такви мисли да влезам во летото, порача Кевин Пантер.
Сезоната за Партизан се уште не е готова, бидејки ги чекаат уште дуели во Јадранската лига.