Бекот на Барселона, Кевин Пантер е прогласен за најкорисен играч (MVP) во 17. коло на Евролигата.
Во шпанското дерби, Барселона ја победи Басконија, по три продолженија со 134:124.
Пантер постигна 43 поени за 45 минути на теренот, погодувајќи 12 од 19 шутеви за два поени, 4 од 7 тројки и 7 од 7 слободни фрлања, а додаде и два скока, две асистенции и две украдени топки.
Барселона со Хапоел Тел-Авив се на првите две позиции во поредокот на елитното кошаркарско натпреварување со 12 победи и пет порази по 17 кола.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: