Главната ѕвезда на Челзи, Кол Палмер, ќе биде надвор од фудбалските терени уште шест недели, поради тешка повреда која не се надминува брзо.
Менџерот на тимот, Енцо Мареска, лично потврди дека повторното враќање на Палмер е одложено:
„Погрешив со враќањето на Палмер. За жал, му требаат уште шест недели. Се обидуваме да го заштитиме колку што е можно повеќе. Медицинскиот тим не е магичар. Се надеваме дека шест недели ќе бидат доволни“, изјави Мареска, нагласувајќи дека наспроти должото отсуство, играчот не треба да помине операција.
Палмер е надвор од терените од 20 септември, откако доби повреда во пределот на препоните.
Овој период на опоравување значително ќе влијае на тактичките планови на Челзи, особено ако зимските натпревари бараат ротации и засилување на играчкиот ростер.