Палиња пред финализација на трансферот во Баерн Минхен

Португалскиот репрезентативец. Жоао Палиња во текот на денешниот ден треба да го потпише договорот со Баерн Минхен. Играчот од средниот ред веќе ги мина лекарските прегледи и доаѓа во Минхен за да потпише четиригодишен договор со Баварците,  информира „Билд“.

Баерн ќе плати 46 милиони евра, плус бонуси за 28-годишниот играч на Премиер лигашот, Фулам. Со ова ќе се стави крај на сагата околу трансферот на Португалецот на арената „Алијанц“ што се одолговлекува речиси една година. Палиња ќе стане третото засилување на Баерн, по Хироки Ито и Мајкл Олисе.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО