Рафаел Паладино најверојатно ќе биде нов тренер на фудбалерите на Фиорентина. Тој треба да го замени, Винценцо Италијано, најавија денеска медиумите на Апенините. Наводно, тренерот на Монца прифатил да седне на клупата на стадионот – „Артемио Франки“ откако ќе се договорат сите детали.
40-годишниот стратег првото искуство како самостоен тренер го имаше токму во Монца. Со италијанскиот состав има 73 натпревари со ефект од 26 победи, 21 реми и 26 порази.