Падна рекордот на Малдини и на Албертини. На ред е Кемпбел

Шпанскиот играч за врска на Манчестер сити, Родри, е еден од оние играчи кои „работат“ вредно и помалку незабележливо. Тој е срцето на средниот ред, но се појавува и во нападот кога е потребно, во клучните моменти за тимот на Пеп Гвардиола.

Минатата сезона тој беше стрелецот на единствениот гол во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Интер (1:0), со што на Сити му ја донесе првата титула првак на Европа.

Родри сега го собори и светскиот рекорд што опстојуваше повеќе од 30 години. Победата на Сити против Вест хем (3:1) беше 74-ти последователен натпревар во сите клупски натпреварувања во кој Родри не е поразен.

Со тоа шпанскиот играч за врска го собори светскиот рекорд (73 натпревари) што заеднички го држеа двајца Италијанци, Паоло Малдини и Деметрио Албертини, поставен во 1993 година.

Шпанецот сега има нов предизвик пред себе, а тоа е да го собори рекордот според бројот на натпревари без пораз во низа во најсилната лига на Англија. Овој рекорд сè уште го држи Сол Кемпбел, кој настапи на 56 лигашки натпревари без пораз за Арсенал, во речиси две години, меѓу 2002 и 2004 година.

Родри моментално и одиграно 50 натпревари без пораз во Премиер лигата, и сега му останува да го брка тој рекорд на Кемпбел, следната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО