Пабло Ласо поради семејни причини си замина од Баерн Минхен

Баерн Mинхен изненадувачки остана без тренерот Пабло Ласо, кој утрово најави заминување од баварскиот гигант.

Во Минхен веројатно не можеа ни да замислат дека летово ќе мора повторно да излезат на пазарот и да бараат тренер, но Пабло Ласо ги принуди на тоа одлучувајќи да се врати во Шпанија поради семејни причини.

– Личните причини на Пабло доаѓаат неочекувано за нас, но мораме да го почитуваме како тренер и како човек, и да му се заблагодариме за работата и посветеноста во минатата, успешна сезона, изјави Марко Пешиќ, директорот на Баерн Минхен.

Ласо со Баерн ја освои двојната круна во Германија и имаше задача следнава сезона да го донесе тимот во завршницата на Евролигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО