Овој човек се уште има мотивација за работа: Вујовиќ со нов тренерски ангажман

Веселин Вујовиќ има нов тренерски ангажман, ќе ја води репрезентацијата на Катар.

Славниот стратег иако на 63 години, се уште има мотивација за големи подвизи, а сега тоа ќе се обиде да го направи со репрезентацијата на Катар.

Вујовиќ пред тоа, беше селектор уште и на репрезентациите на Србија, Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран, а сега ќе го има и името на Катар.

Најголемиот успех на оваа репрезентација беше сребро на Светското првенство во 2015, а сега се подготвуваат за Мундијалот идната година кое ќе се оддржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Катар ќе биде сместен во група со репрезентациите на Франција, Австрија и Кувајт.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО