Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги избра 11-те најдобри играчи на Светско првенство, кое заврши во неделата со победа на Шпанија.
На листата се тројца играчи од Шпанија и Аргентина, двајца од Франција и еден од Англија, Норвешка и Парагвај.
Во одбраната се парагвајскиот голман Орландо Хил, Шпанците Марк Кукуреља и Педро Поро, Аргентинецот Лисандро Мартинез и Французинот Дајот Упамекано.
Средниот ред го сочинуваат Аргентинецот Енцо Фернандез, Шпанецот Родри и Англичанецот Џуд Белингам. Во нападот се Французинот Килијан Мбапе, Норвежанецот Ерлинг Халанд и Аргентинецот Лионел Меси.