Потполно хаотичен натпревар синоќа беше одигран во Ла Лига, Рајо Ваљекано успеа да победи на гостувањето кај Хетафе со 2:0.
Најголемо внимание на оваа средба привлече црвениот картон на Мејсон Гринвуд, играчот на Манчестер Јунајтед кој е на позајмица овде до крајот на сезоната.
Натпреварот беше завршен со неверојатни девет жолти картони и три црвени. Сите три црвени картони им припаднаа на играчите на Хетафе, а гостите славеа со 2:0.
Меѓутоа, најбизарниот момент беше црвениот картон кој го доби Мејсон Гринвуд, младиот англиски фудбалер.
Во 50. минута Гринвуд беше во трк при еден контранапад. Двајца играчи на Рајо се обидуваа да го запрат далеку од нивниот гол, имаше тука и влечење за дрес, но англискиот фудбалер не доби фаул во тој нерамноправен дуел. Кога конечно и некако го запреа, судијата сепак не покажа фаул.
Гринвуд се осврна кон судијата и кратко прокоментира нешто, а судијата Хорхе Васкез без размислување му покажа црвен картон, во тој момент на никој не му беше јасно зошто е отстранет од игра.
Но по натпреварот судијата потврдил дека во прашање била пцовка, која Гринвуд ја упатил кон судијата, па затоа заработил исклучување.
– Немој да се зае**** со мене!“, била пораката на Гринвуд кон судијата, што оправдано поради фаулот кој му беше нанесен, но тие зборови го однесоа до соблекувалните.
Prochain match de Getafe contre le réal Madrid, regardez pourquoi Greenwood a prit rouge ??????? COMME PAR HASARD pic.twitter.com/gmbpv4LgBA
— SO_FCB (@SO_FCB) January 2, 2024